AUTO 7 е авто плац во Штип кој се занимава со увоз и продажба на половни возила. Работиме со внимателно избрани модели. Секое возило поминува преку проверка пред да биде понудено на купувачите. Целта ни е клиентот да си оди со возило кое навистина вреди толку колку што чини, без непријатни изненадувања.
Плацот е на ул. Лески бр. 41 во Штип. Работиме секој ден освен недела, од 09:00 до 19:00. Дојдете лично да го погледнете возилото што ве интересира или разговарајте со нас претходно на телефон.